Македонија на 41. место во светот по моќта на пасошот: Без виза до 127 држави

0
22

Македонскиот пасош е рангиран на 41. место на најновата листа на Henley Passport Index, која ги оценува пасошите според бројот на земји во кои нивните носители можат да патуваат без виза.

Според рангирањето за вториот квартал од 2026 година, граѓаните на Македонија можат без виза да патуваат во 127 држави и територии ширум светот. Со овој резултат, македонскиот пасош го дели 41. место на светската листа заедно со Црна Гора.
Листата се изработува врз основа на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а главен критериум е бројот на дестинации до кои може да се патува без претходно обезбедена виза.

На врвот на рангирањето повторно се најде Сингапур, чии граѓани имаат безвизен пристап до 192 држави. Следуваат Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати со можност за патување во 188 земји без виза, додека Шведска е на третата позиција со 187 држави.
Во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која се наоѓа на седмото место со безвизен пристап до 183 земји. Хрватска е осма со 182 држави, Србија е на 34. место, а Македонија и Црна Гора го делат 41. место.
Индексот на Henley Passport Index се смета за едно од најрелевантните светски рангирања на пасошите и редовно ја мери нивната „моќ“ според слободата на патување што им ја овозможуваат на своите носители., извор Плусинфо.мк