Електрични кабли предизвикаа пожар на Исарот во Штип. Во Пробиштип гореше кај Петршино, Неокази и Бучиште при што изгоре и куќа

0
37

Четири пожари денес имаше во Штип и околината. Гореше под Исарот, Чардаклија, Долни Балван, млекарата и Караорман. Најголем е пожарот помеѓу Чардаклија и Долни Балван. Гореше сува трева, деградирана шума, а силниот ветар се закануваше огнените јазици да дојдат до првите куќи. Мештаните со трактори правеа заштитен појас. Според нив, причина за избувнување на пожарот била искра од косилка за трева во близина на приватен плац со фотоволтаици. Поради силината на ветарот делницата помеѓу овие две села беше затворена за сообраќај.

Денеска гореше и во близина на Пробиштип каде огнената стихија се ширеше во Петришино, Неокази, Бучиште и други места…