Грција – Турски државјани фатени со 50 пиштоли на граничниот премин во Еврос

0
26

Двајца турски државјани се обиделе преку копнениот граничен премин во Еврос, во Грција да внесат 50 пиштоли и 49 рамки за куршуми по што биле уапсени. Од грчката полиција соопштија дека по соодветна обработка и анализа на добиени информации, било утврдено дека се подготвува транспорт на голема количина оружје преку камиони за меѓународен транспорт, а за да се спречи била испланирана и спроведена координирана акција. Дополнително, било утврдено дека запленетите пиштоли немале сериски броеви, исто како и во случаите што истиот оддел ги истражувал пред неколку месеци.