Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека нема намера да поднесе оставка и покрај протестите против проектот за луксузен ресорт на југот на земјата кои влегоа во вториот месец. Тој оцени дека неговата влада има јасен мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија. Истовремено, албанскиот премиер оцени дека протестите се показател за демократската зрелост на земјата и нагласи дека владата има обврска да ги слуша пораките што ги испраќаат демонстрантите. Инаку вчера протестите против политиката на Рама ескалираа со насилство, при што според Министерството за здравство на Албанија, медицинска помош побарале 16 лица, меѓу кои 14 полицајци и двајца демонстранти.


