Пленковиќ доживеа судир: Возило на придружба удри во автомобилот на хрватскиот премиер

0
19

Денес во центарот на Загреб се случи необичен инцидент кога автомобил што го придружувал хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ удрил во автомобилот во кој седел премиерот.
Несреќата се случила на улицата Савска, а во судирот нема повредени.Хрватската влада потврди дека инцидентот се случил откако премиерот се вратил од седница на Владата.Полицијата спроведе истрага на лице место за да ги утврди сите околности на судирот. Пленковиќ бил во луксузен блиндиран автомобил Audi A8 L Security, специјално модифицирана лимузина од германски производител