Мајката на политичарка од владејачката партија Нова демократија во Грција почина од повредите здобиени во подметнат пожар, еден од низата напади насочени кон партиски функционери. Вагија Нестора (72) подлегна на тешки изгореници и откажување на повеќе органи во болница во Солун,.Несреќната жена почина рано наутро во среда во експлозија и пожар подметнат во станбената зграда каде што живее нејзината ќерка, Афродити Нестора. Според болнички извори, таа е примена во критична состојба со изгореници на околу 80 проценти од телото. Нејзината ќерка, членка на партијата, исто така се здобила со изгореници и вдишување чад и е сè уште хоспитализирана.


