Државата стои настрана и не мрднува со прст против врсничкото насилство а конкретен пример е со случајот во Штип каде од страна на двете обвинителски нивоа родителите на децата од Штип кои три месеци малтретираа врсничка се ослобидени од одговорност, објави адвокатката Маја Ристова на социјалните мрежи.
– Објава на Адвокатката Маја Ристова за врсничко насилство во Штип „Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар.Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца. Ејјјј, не биле свесниDescription: 🙈не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било.И ова пази “Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирањеDescription: 🙈 Каква порака се испраќа со ова?Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства?“
Превземено: Фејсбук
Во случајов, станува збор за малтретирање на ученичка од ОУ Ванчо Прке од страна на нејзини врсници. Детето трпело психилко, физилко и финансиско насилство за што нејзината мајка правна борба води речиси две години.


