Инцидент во Грција: Запалени домови на политичари, пет лица се повредени

0
25

Пет лица се повредени, меѓу кои една жена која се наоѓа во критична состојба, по серија координирани напади со запаливи направи во Солун. Цел на нападите во раните утрински часови биле објекти поврзани со високи функционери на владејачката партија Нова демократија.Според информациите на грчкиот медиум „Прототема“, напаѓачите користеле мотоцикли за брзо да се оддалечат од локациите. Случајот поради сериозноста и политичкиот контекст веднаш го презеде Антитерористичката служба на Грција.Инспекторите работат на анализа на теренските докази за да утврдат дали трите напади, кои биле извршени во интервал од само 20 минути, се дел од координиран план на иста група.