Букурешт погоден од најсилната бура во последните 40 години – едно лице загина

0
20

Романската престолнина синоќа беше погодена од силно невреме проследено со црвена временска тревога, за кое метеоролозите проценуваат дека е меѓу најразорните во изминатите четири децении едно лице го загуби животот во округот Илфов кога дрво паднало врз неговиот автомобил, а причинета е и огромна материјална штета.Врнежите кои траеле околу 12 часа достигнале количества кои вообичаено паѓаат за месец и половина претворајќи ги главните булевари и клучните сообраќајници во реки, при што во некои делови водата ја надминала висината до колена. Итните служби спровеле вкупно 1.408 интервенции во Букурешт и дополнителни 251 во округот Илфов.