Франција: Две едногодишни близначки пронајдени мртви во креветчињата

0
13

Две 15-месечни близначки биле пронајдени мртви во нивниот дом во Бевраж, северна Франција, а истрагата се сомнева дека починале од дехидрација предизвикана од екстремните горештини.
Во куќата биле затекнати уште четири деца со симптоми на дехидрација, од кои едно е во критична состојба.
Родителите се приведени, а обвинителството отвори истрага за можно занемарување на децата.
Полицијата и Итната медицинска помош интервенирале во понеделник околу 13:30 часот, откако добиле повик од родителите. Мајката ги ставила девојчињата да спијат во недела околу 19:00 часот, а повторно ги проверила дури доцна во понеделник наутро, кога ги пронашла без знаци на живот.
Трагедијата се случува во период кога Франција се соочува со еден од најсилните топлотни бранови во последните години.