Српскиот претседател Александар Вучиќ претстави пакет нови мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.Тој нагласи дека ќе има многу добри вести, особено за пензионерите и најранливите граѓани.„ Не можам да најдам точна бројка, но ќе има значително зголемување на пензиите и платите. Растот на пензиите од 2020 до 2026 година номинално е 117,1 процент, а во реалност 45,3 проценти..Вкупната вредност на пакетот е над 600 милиони евра, а ќе се однесува на над 3,5 милиони граѓани на Србија, објави Вучиќ.


