Вечерва се очекува да биде познат новиот состав на Владата, откако ќе заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе бидат разгледани и потврдени персоналните решенија во рамки на најавената владина реконструкција.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека принципиелно е постигнат договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ околу реконструкцијата на Владата, но дека конечните кадровски решенија ќе бидат соопштени по завршувањето на вечерашната седница на Извршниот комитет.
Според најавите, реконструкцијата ќе донесе промени во владиниот кабинет, додека кадровските измени во останатите ешалони на извршната власт ќе продолжат од септември.
По завршувањето на седницата се очекуваат повеќе детали за новите министри и распределбата на ресорите во Владата.


