Крадци на мотоцикли врзани за бандери, наоѓа мексиканската полиција, а за тоа е одговорен непознат човек кого медиумите го нарекоа Бетмен. Мексиканската полиција бара човек со прекар Бетмен од локалните медиуми, за наводно бркање осомничени крадци на мотоцикли низ градот и врзување за улични светилки со селотејп. Најмалку пет мажи беа пронајдени залепени за улични светилки во период од 10 дена, почнувајќи од 13 јуни, во областа Лагос де Морена во Халиско, објави Њујорк пост.Многу од наводните крадци имале мустаќи како мачка и шпанскиот збор за „крадец“, „RATA“, што е сленг за „стаорец“, насликан на нивните лица, што го потврдуваат фотографиите објавени од мексиканскиот новинар Луис Карденас на X.Одмаздникот – кого Карденас го нарече „Бетмен од Лагос де Морена“ – ги оставил наводно украдените мотоцикли во близина на мажите за да ги истакне нивните постапки и да ги понижи.На една фотографија, двајцата мажи се врзани грб до грб за столб со розов знак над главите, а мотоциклот е оставен пред нив.– Полицијата ги третира врзаните мажи како жртви и се обидува да го фати осветникот – изјави секретарот за државна безбедност Хуан Пабло Хернандез.Мажите добиле лекарска помош за повредите. Не е јасно дали се истражуваат за наводните кражби.


