Србија е меѓу најевтините земји во Европа според ниво на цени

0
31

Според најновите податоци од– Евростат, Србија е меѓу европските земји со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 62,5 проценти од просекот на Европската Унија.Само во одредени држави од регионот е поевтино, како што се Бугарија, Романија и Македонија, додека највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска, пишува денеска Политика.Сепак, економистите предупредуваат дека пониското ниво на цени не значи автоматски и повисок животен стандард, бидејќи цените во голема мера се поврзани со нивото на плати и продуктивноста на економијата.