Од петок, 26 јуни во 23 часот до недела, 28 јуни во 23 часот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од обиколницата Солун, поради работи на проектот за надвозникот пренесуваат грчките медиуми. За време на блокадата, сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта кои минуваат низ самиот град Солун. Се очекуваат значителни метежи, особено во текот на викендот.Од надлежните институции апелираат до возачите да планираат патувањето навреме, да користат алтернативни рути и да бидат трпеливи.


