Трагедија во бугарското гратче Угрчин — полицијата пронајде три тела, меѓу жртвите и девојче

0
24

Трагичен настан ја потресе бугарската јавност откако три лица беа пронајдени мртви во дом за сместување во градот Угарчин. Жртвите се две жени и еден маж, а околностите укажуваат на насилен конфликт кој завршил со фатални последици..
Полицијата привела осомничен за кој се верува дека е поврзан со смртта на овие луѓе кој според локалните медиуми, приведениот маж е поранешен затвореник.Првичните сознанија покажуваат дека возрасен маж и возрасна жена добиле смртоносни повреди со нож за време на расправија во зградата.Третата жртва е 15-годишно девојче кое било присутно за време на инцидентот.Првичните информации укажуваат дека таа девојчето не било директно нападнато. Истражителите веруваат дека девојчето скокнало од балкон во обид да избега откако било сведок на насилството. Подоцна починало од повредите здобиени при падот. Според извештаите, тинејџерката боледувала од епилепсија