Претседателoт Никушор Дан: Се наѕира опција за влада во малцинство во Романија

0
12

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека по консултациите во претседателската палата Котрочени се наѕира решение со влада во малцинство, пренесе агенцијата Агерпрес.Никушор Дан вчера одржа консултации со сите парламентарни партии, откако во понеделник предложениот кандидат за премиер Адријан Вештеа не успеа да обезбеди доволен број гласови за да стапи на функција.Тоа беше прв предлог за состав на влада што го одби парламентот. Според уставот, доколку законодавниот дом во рок од 60 дена одбие два предлога за влада, се отвора можност за предвремени избори, кои досега не биле одржани во Романија. Земјата е во политичка криза од 5 мај, кога по изгласан недоверба падна владата на широката проевропска коалиција.