Македонија ја добива „Везилка“ – национална фабрика за вештачка интелигенција

0
12

Македонија денеска прави значаен чекор кон дигиталната иднина со официјалното претставување на „Везилка“ – Националната фабрика за вештачка интелигенција. Проектот има за цел да го забрза технолошкиот развој на земјата, да поттикне иновации и да ја вклучи државата во европските процеси за развој на современи AI технологии.

Иницијативата ја координира Факултет за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) во соработка со Министерство за дигитална трансформација, а се реализира во рамките на EuroHPC Joint Undertaking и е кофинансирана од програмата Хоризонт Европа.
Преку партнерството со грчката AI фабрика „Pharos“, „Везилка“ ќе овозможи Македонија да стане дел од европската мрежа за развој на доверлива и етичка вештачка интелигенција. Посебен акцент е ставен на создавање дигитални ресурси и бази на податоци на македонски јазик, што ќе придонесе за поголема застапеност на македонскиот јазик и локалните специфики во идните AI системи.

Од ФИНКИ истакнуваат дека проектот ќе помогне во зајакнување на дигиталниот суверенитет на државата, модернизација на јавниот сектор и отворање нови можности за истражување, претприемништво и развој на иновативни технолошки решенија. „Везилка“ претставува важен исчекор кон позиционирање на Македонија како активен учесник во европската дигитална трансформација.