ЕУ го отвора патот за дигиталното евро: Нова валута во употреба до 2029 година

0
6

Европската Унија направи значаен чекор кон дигитализација на финансискиот систем откако Европскиот парламент го поддржа воведувањето на дигиталното евро. Новата електронска валута, која ќе биде издадена и гарантирана од Европската централна банка, има за цел да ја зајакне финансиската независност на Унијата и да ја намали зависноста од глобалните платежни системи.
Дигиталното евро ќе функционира како дополнителна форма на плаќање покрај готовината и банкарските сметки. Граѓаните ќе можат да располагаат со средства преку специјален дигитален паричник, а плаќањата ќе бидат можни и онлајн и офлајн.
Една од главните предности на системот е заштитата на приватноста, бидејќи Европската централна банка нема директно да може да ги идентификува корисниците врз основа на нивните трансакции. Воедно, се очекува трговците да плаќаат пониски провизии во споредба со сегашните картични плаќања.
Во наредниот период следуваат разговори меѓу институциите на ЕУ и земјите-членки за финализирање на законската рамка. Доколку биде постигнат договор до крајот на годината, дигиталното евро би можело да стане реалност до 2029 година. Извор: Фактор