Депонијата во Мостар повторно гори – пожарот им се заканува на куќите

0
25

На депонијата Уборак во близина на Мостар повторно избувна пожар, кој опасно се приближи до куќите, што ја влоши ситуацијата многу. Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, нареди евакуација на населението.Тој тврди дека пожарот бил запален и дека овој пат биле запалени гуми. „Тука има и елементи на тероризам бидејќи е прогласена вонредна состојба и некој го запалил пожарот“, рече Кордиќ, нагласувајќи дека куќите биле директно загрозени и дека дополнителна опасност претставувала блискиот резервоар за гориво. Пожарот повторно е активиран во утринските часови, а густ чад се шири кон Мостар. Сите расположиви противпожарни сили се на лице место, а гаснењето на пожарот го отежнува прогнозираниот северен ветер.