Австрија нуди до 3.000 евра за доброволно враќање на сириските мигранти

0
25

Австриската влада воведува нов пакет мерки за намалување на нерегуларната миграција, меѓу кои и финансиски поттик до 3.000 евра за сириските државјани кои доброволно ќе се вратат во Сирија. Мерката ќе важи од јули до крајот на септември, а паралелно се најавуваат и построги правила за протерување на лица кои сториле кривични дела. Според властите, целта е да се зголеми бројот на доброволни враќања и да се намали товарот врз азилниот и социјалниот систем на земјата. Извор: Слободен печат