Сопругата на осомничениот Македонец за убиството на Крит: „Невин е, ќе го поддржувам до смрт“

0
22

Сопругата на 43-годишниот македонски државјанин осомничен за убиството на 45-годишната Ставрула Левентаки на грчкиот остров Крит јавно застана во негова одбрана, тврдејќи дека тој е невин и дека станува збор за заговор против него.
Во изјава за грчките медиуми, таа нагласи дека целосно му верува на својот сопруг и дека ќе го поддржува „до смрт“, додавајќи дека жртвата била „чудна жена“.
Осомничениот денеска треба да се појави пред судот, додека истрагата за случајот продолжува. Според грчките власти, тој е осомничен дека по расправија ја усмртил жената и го сокрил нејзиното тело, кое подоцна било пронајдено на нива во близина на Ханија.