Соединетите Американски Држави воведоа 60-дневна суспензија на дел од санкциите поврзани со иранската нафта, како дел од напорите за деескалација на тензиите и напредок во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран.
Одлуката овозможува ограничен извоз, транспорт и трговија со иранска сурова нафта, петрохемиски производи и нафтени деривати. Мерката ќе важи до 21 август и доаѓа по позитивните сигнали од тековните преговори за можен мировен договор меѓу двете земји.


