Протестите во Албанија ескалираат: Демонстрантите бараат оставка од Рама и техничка влада

0
18

Организаторите на протестот што се одржува во Тирана ја објавија својата официјална листа на барања до албанската влада, барајќи оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада и серија институционални и уставни реформи.Како што објави „Албаниан пост“, во соопштение прочитано во име на демонстрантите, како главно барање е наведена „безусловна оставка на премиерот и на владата“.Според организаторите, по оставката треба да биде формирана непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци, која би управувала со земјата до спроведувањето на реформите и организирањето на следните политички процеси.