Истакнатата историчарка и универзитетска професорка Наде Проева, која почина на 75-годишна возраст, постхумно ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Проева важеше за еден од најголемите експерти за античката историја и античките Македонци, а зад себе остави богато научно творештво и генерации студенти на кои им го пренесуваше своето знаење.
Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ останува значајно дело во македонската историографија, додека нејзиниот научен придонес претставува трајно наследство за македонската наука и култура.
Home МАКЕДОНИЈА Орден „8 Септември“ постхумно за Наде Проева. Признание за нејзиниот огромен придонес...


