Во текот на вчерашниот ден се одржа работна средба со претставници на најголемите маркети во државата, на која се разговараше за мерки и активности насочени кон справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.
На средбата беше истакнато дека во наредниот период ќе следат разговори и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да се придонесе годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти.


