Министерството за земјоделие објави јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, наменет за организирање локални манифестации и саеми низ државата.
Поддршката е наменета за активности кои ќе се реализираат во периодот од 17 јули до 31 декември 2026 година, а максималниот износ по корисник изнесува до 150.000 денари.
Право на учество имаат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, како и задруги регистрирани согласно Законот за задругите со најмалку 10 членови.
Корисниците на поддршката имаат обврска во рок од 30 дена по завршувањето на активноста да достават извештај за реализираните активности до Министерството.


