Во Анкара приведени над 200 осомничени екстремисти

0
15

Турските обвинители издадоа налози за апсења на 241 осомничен за поврзаност со екстремистички групи, меѓу кои и Исламска држава. Во рациите на полицијата и жандармеријата во Анкара приведени се 209 лица.
Помеѓу приведените, 56 лица се осомничени за поврзаност со ИД, а уапсени се и 35 членови на ултралевичарската Револуционерно народноослободителната партија/фронт, која извршува вооружени напади и атентати во Турција.