Чех летал со 253 километри на час на автопат во Хрватска

0
11

Чешки државјанин вчера бил запрен на автопатот А1 во Хрватска откако возел со брзина од 253 километри на час на делница каде што ограничувањето е 130, објави Индекс. Полициските службеници го запреле со пресретнувач околу 9:13 часот наутро на делницата помеѓу Пристег и раскрсницата Задар Исток, соопшти Полициската управа во Задар.Поради пребрзо возење, на возачот му е изречена прекршочна наредба со парична казна од 660 евра. Покрај тоа, му е изречена заштитна мерка – забрана за управување со моторни возила во траење од еден месец.