Протестниот бран во Албанија, познат како „Фламинго револуција“, продолжи и вчера во Тирана, каде демонстрантите повторно излегоа на улиците со барања против владата на премиерот Еди Рама. Вчерашниот протест доби дополнителна тежина поради присуството на голем број Албанци од дијаспората, но и учесници од Косово и од Македонија.. Рама на социјалните мрежи порача дека Албанците од Северна Македонија не можат да се третираат како дијаспора на Албанија, бидејќи тие, заедно со Македонците, се составен дел од сопствената држава. Тој исто така нагласи дека ниту Албанците од Косово не се дијаспора, бидејќи живеат во независна држава. Учесниците во протестите ги опиша како „жртви на политички каравани“.


