Косовската полиција објави дека претресла три локации во Зубин Поток и пронашла оружје, муниција и друг нелегален имот Во соопштението се наведува дека на 21 јуни, по пријава од граѓани, полицијата претресла објект за складирање храна за животни во селото Пресека, во општина Зубин Поток, „За време на претресот, запленета е и пушка М48 со бајонет, заедно со 11 куршуми за истата пушка, 33 куршуми за долга цевка од калибар 7,62 мм, две машини за полнење ловечка муниција, приближно 200 грама барут и приближно два килограми метални куршуми за полнење муниција“, се вели во соопштението.


