Драмскиот сопран, м-р Виолета Арсовска вечерва го отвора 41. „Штипско културно лето“ со концертот „Colores del Alma“

0
20

Со концертот „Colores del Alma“ („Бои на душата“) на м-р Виолета Арсовска, вечерва свечено започнува 41. издание на Штипско културно лето 2026. Концертот ќе се одржи во фоајето на НУЦК Ацо Шопов со почеток во 19:30 часот, а како корепетитор ќе настапи м-р Трајче Роглев.

Арсовска е една од најзначајните музички уметници и педагози во Штип, драмски сопран со богата концертна кариера и бројни домашни и меѓународни признанија…