Трговскиот синџир „Спар Хрватска“ од претпазливост повлече од продажба одредени серии од производот „Free From леб со семки“ во пакување од 200 грама, поради можно зголемено присуство на цијановодородна киселина.
За повлекувањето информираше Државниот инспекторат на Хрватска, кој наведува дека мерката се однесува исклучиво на овој производ во пакување од 200 грама, од сериите LOT 260240 со рок на употреба до 15 јули 2026 година и LOT 260272 со рок на употреба до 28 јули 2026 година.
Лебот е дистрибуиран на хрватскиот пазар од компанијата „Спар Хрватска“, која ги повика потрошувачите што го купиле производот да не го консумираат и да го вратат во најблиската продавница, согласно утврдените процедури.
Надлежните институции нагласуваат дека повлекувањето е превентивна мерка за заштита на здравјето на потрошувачите, додека дополнителни лабораториски проверки се во тек.


