Товарен воз падна од мост во Минхен: Едно лице повредено

0
26

Едно лице е сериозно повредено откако товарен воз излетал од мост во текот на ноќта во Минхен, соопшти полицијата.
Според информациите, два вагони паднале од висина од околу 5 метри и завршиле на патот под мостот.
Засега нема прецизни податоци за товарот во возот, но надлежните наведуваат дека не станува збор за опасни материјали и дека нема опасност за јавноста.
Од железничкиот оператор Deutsche Bahn соопштија дека несреќата се случила на линија која ја користат исклучиво товарни возови и дека нема прекини во регионалниот или долгиот патнички сообраќај.
Не е познато кога вагоните ќе бидат извлечени и дали областа ќе остане затворена и во наредниот период.