Окружниот суд во Вараждин осуди хрватски брачен пар на по 17 години затвор за кршење на правата на децата, што довело до смрт на две од нивните три деца.
Според пресудата, децата биле тешко занемарени и не биле медицински згрижени, а случајот бил откриен во 2024 година кога телата биле пронајдени закопани во дворот на семејната куќа. Пресудата сè уште не е правосилна.


