Реконструкцијата на Владата продолжува: Денеска средба на Мицкоски со ЗНАМ

0
23

Продолжуваат разговорите за реконструкција на Владата, а според најавите денеска на ред е средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и коалицискиот партнер ЗНАМ. Од партијата велат дека нивните министри успешно ги извршуваат своите обврски и дека по направената евалуација на двегодишното работење, остануваат на ставот дека нивните кадри даваат добри резултати.

Во пресрет на разговорите, Мицкоски порача дека нема да толерира неодговорност и недоволна посветеност кај функционерите, нагласувајќи дека основни критериуми за евентуални промени се ефикасноста, достапноста кон граѓаните и исполнувањето на програмските цели.
Од Владата засега не откриваат детали, посочувајќи дека разговорите се во рана и чувствителна фаза, а јавноста ќе биде информирана кога ќе има конкретни одлуки.