На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ утринава има зголемена фреквенција на возила, при што за излез од државата се чека околу 40 минути.
Според АМСМ, на овие премини се формирани колони возила во правец кон Грција, додека на останатите гранични премини нема поголеми задржувања.


