Институционална поддршка за лицата со неплодност – зголемени права и подобрена пристапност на БПО процесот

0
21

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја потврдува својата посветеност кон поддршката на лицата што се соочуваат со неплодност, преку унапредување на правата за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) и подобрување на пристапноста и ефикасноста на целиот процес.
На тематскиот форум „Жените во ин витро процес – помеѓу работата и борбата за семејство“ беше истакнато дека во периодот 2025/2026 година поддршката е значително зголемена – од три на шест обиди, процесот за одобрување е дигитализиран, а роковите за одлучување се скратени.
Сепак, остануваат одредени предизвици, меѓу кои ограничувањето на возраста до 45 години и прашањето за достапноста на репродуктивен материјал. Во исто време, беше нагласено дека Македонија е единствена земја во регионот каде е дозволена употреба на дониран репродуктивен материјал.
Фондот најавува и идни активности, вклучително и модификација на постапките согласно регионалните практики, поддршка на ПГД дијагностика, како и анализа на потребите за работно отсуство за време на БПО процесот.
На форумот беше отворена и дискусија за потребата од поголема психолошка поддршка, подобра заштита на работните права и намалување на стигмата поврзана со ИВФ процесите, со учество на експерти, институции и граѓански организации.