Гром удри во детски спортски камп во Германија – повредени девет лица, меѓу нив и дете

0
27

Силно невреме проследено со удари на гром и поројни дождови ја зафати јужна Германија, при што беше прекинат музичкиот фестивал „Southside“, а детски спортски камп во Раштат заврши со повредени лица.

Според германските медиуми, гром удрил во спортско игралиште каде што се одржувал детски камп, при што се повредени вкупно девет лица – осум возрасни и едно 13-годишно дете. Едно лице е потешко повредено, но не е во животна опасност, додека останатите се здобиле со полесни повреди. Дел од повредените се пренесени во болница.

Невремето предизвикало и сериозни проблеми во регионот, вклучително прекини во снабдувањето со електрична енергија и паднати дрвја врз патишта, возила и железнички пруги. Пожарникарите интервенирале на десетици локации, но нема други потешко повредени лица.