Британско враќање во ЕУ повторно на маса – можно задржување на фунтата и изземања од Шенген

0
29
Political flags of European Union and United Kingdom on table. concept of negotiations, collaboration and cooperation of countries. agreement between governments

Велика Британија повторно би можела да стане членка на Европската Унија, а при евентуално враќање би можела да ги задржи одредени посебни услови, изјави Мишел Барние, поранешен главен преговарач на ЕУ за Брегзит.
Во интервјуто објавено пред десетгодишнината од референдумот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, Барние оцени дека не постои пречка земјата да ја задржи британската фунта и да остане надвор од Шенген зоната, доколку повторно се приклучи кон Унијата.

Тој нагласи дека сè повеќе граѓани во Велика Британија сфаќаат дека членството во ЕУ носи поголеми економски и политички придобивки. Според него, последиците од Брегзит веќе се видливи преку послаб економски раст и предизвици во повеќе сектори.
Во меѓувреме, дел од аналитичарите предупредуваат дека политичката ситуација дополнително се усложнува, особено поради растечките барања за независност во Шкотска.