Семејното насилство во текот на вчерашниот ден во полн ек, дури 4 лица завршија со лисици во источниот регион. 40 годишен кочанчанец пријавен од сопствената сопруга за напад при што употребил и тврд предмет. 56-годишен штипјанец и 29-годишен од Крива Паланка исто така завршија во притвор откако полицијата добила пријави за семејно насилство. Најсериозен случај се случил во Делчево, каде 23 годишна пријавила дека во својот дом, во неколку наврати нејзиниот сопруг ја психички и физички ја напаѓал, овојпат користејќи и тврд предмет. По пристигнувањето на полицијата било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол и му биле измерени 1.79 промили алкохол во крвта.


