Турските цариници запленија 4,3 тони дрога

0
24

Турските царински власти запленија 4,3 тони дрога скриена во камион што влегувал во Турција од Грција
, соопшти денес турското Министерство за трговија.Министерството во соопштението наведува дека камионот, пристигнал во царинската зона Ипсала од Грција за да влезе во Турција. За време на претресот, властите ја откриле и заплениле нелегалната пратка, која ќе биде уништена во согласност со законските процедури,.Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Ипсала започна истрага за случајот.