Српското обвинителство бара вкупна казна од 18 години за родителите на Кецмановиќ. Судот денес треба да донесе пресуда

0
24

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја изрече новата првостепена пресуда за Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое во мај 2023 година уби девет ученици и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.

Обвинителството бара речиси 15 години затвор за таткото и три години за мајката, додека одбраната бара ослободителни пресуди. Судењето се повторува по одлука на Апелациониот суд да ја поништи претходната пресуда.