Радев: Нема да дозволиме санкции за Русија ако тие се штетни за бугарската економија

0
26

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска изјави дека нема да бидат дозволени санкции кон Русија кои негативно влијаат врз бугарската економија
и додаде дека денеска ќе се дознаа како ќе гласа Бугарија за предвидените санкции од Европска Унија (ЕУ) за Русија.
– Војната во Украина одамна ги надмина рововите и се прошири на економијата, енергетиката, спортот, културата, а сега почнува да ја опфаќа и религијата. Мислам дека времето за крстоносни војни е завршено. Каква порака испраќаме кога ги прошируваме санкциите и војната на религијата? Дали сфаќаме каде води ова – изјави Радев