ЕУ ги заштити патниците: Бесплатен рачен багаж и обештетување за доцнење остануваат

0
27

Европската Унија постигна договор за новите правила за заштита на авионските патници, со кои остануваат на сила правото на бесплатен рачен багаж и надомест за доцнење на летовите. Според договорот меѓу Европскиот совет и Европскиот парламент, патниците ќе имаат право на обештетување од 300 до 600 евра во зависност од должината на доцнењето или откажувањето на летот.

Новина е што рачниот багаж ќе биде вклучен во основната цена на билетот, а авиокомпаниите ќе мора однапред јасно да ја прикажуваат конечната цена. Правилата треба да почнат да се применуваат од 2027 година и се очекува да донесат поголема транспарентност и заштита на милиони патници во ЕУ.