На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А. (37) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар, како и две најлонски ќеси со барут, кои, според полицијата, нелегално ги поседувал.
Лицето е задржано, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.


