Филипче: Преспанскиот Договор реши децениски долг спор, каде ќе бевме сега ако проблемот се решеше во 90тите? Мицкоски: Евро-бирократите ветуваа многу, освен членство во НАТО ништо не се случи

0
44

Претседателот на СДСМ, Фенко Филипче денес изјави дека со потпишувањето на Преспанскиот договор се реши децениски долг спор со Грција кое донесе инвеститори, патем изнесувајќи дека на Македонија не и требаат политичари кукавици.

Премиерот Христијан Мицкоски на прашањето за евро-интеграциите и ветувањата од страна на ЕУ кон Македонија, одговори дека ветувања од страна на евро-бирократите имаше и има, но оние најважните не ги исполнија.