Албанските власти вчера наредија апсење на 10 осомничени членови на една од најголемите криминални мрежи во регионот, која прошверцувала над 50 тони кокаин од Латинска Америка во Европа Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), криминалната организација делувала низ Латинска Америка и низ Европа во периодот од 2019 до 2021 година, координирајќи големи пратки кокаин и перејќи милиони евра преку бизниси и инвестиции во недвижности во Албанија.Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал одобри притвор за 10 албански државјани, меѓу кои наводниот водач Шпетим Алиу


