А.Д „Македонски Пошти“ продолжува со модернизација на возниот парк, со цел подобрување на услугите и побрза достава на пратки низ државата.
Како дел од оваа инвестиција, утре подружницата во Штип ќе добие четири нови возила кои ќе бидат ставени во функција за унапредување на оперативноста и поквалитетна услуга кон граѓаните и компаниите.
Обновувањето на возниот парк е дел од поширок план за дигитална и логистичка трансформација на системот, со кој се очекува поголема ефикасност и намалување на времето за достава низ целата држава.


