Телекабел Штип со најголем раст на вработени меѓу 100-те најголеми работодавачи во Македонија

0
19

Штипската компанија Телекабел е рекордер по раст на бројот на вработени меѓу 100-те најголеми работодавачи во Македонија во 2025 година.
Според анализата, компанијата го зголемила бројот на вработени од 223 во 2024 година на 465 во 2025 година, што претставува раст од 108,5 проценти.
Инаку, најголем работодавач во државата и понатаму останува Дрекслмајер со 5.277 вработени, иако бележи намалување на бројот на работници во однос на претходната година.
Извор: Пари.мк